Поплави во Турција, едно лице загина

by Фокус

Обилниот дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвика поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

Неколку патишта биле затворени поради лизгање на земјиштето.

Метеоролошката служба предупредила и на ново невреме во регионот на Црното Море.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза.

Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.

Поврзани новости