840
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика да се донесе нов Устав со што предизвика изненадување две години пред претседателските избори во Турција. Многу аналитичари и противници на Ердоган сметаат дека тој сака предвремени избори.
-Јасно е дека во основата на проблемите на Турција се Уставот напишан од пучистите од 60-тите години на минатиот век… Можеби е време Турција повторно да ја отвори расправата за нов Устав – рече Ердоган и додаде дека секој нацрт-устав ќе биде предмет на референдум.
Во 2017 година, Ердоган го ревидираше Уставот по обидот за државен удар. Според таа ревизија, Турција премина на претседателски систем на управување, што му даде продолжување на овластувањата на Ердоган.