Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече дека во Турција би можело да се одржи референдум за членство на земјата во Европската Унија.
„За 54 години, што нѐ натераа да правиме пред портите на ЕУ? Да чекаме“, рече Ердоган.
Тој вели дека Турција ќе седне и ќе разговара, но би можела да организира и референдум за влез во Европската унија, објави АФП.
Според него референдумот бил „најдемократско гласање“, какво што не е видено во ниедна западноевропска земја со што ги отфрли сите забелешки на набљудувачите.
Ердоган пред приврзаниците во Анкара изјави дека Турција ќе ги игнорира сите процени од меѓународните набљудувачи.
„Под број еден, вие знаете каде ви е местото, ние нема да ги гледаме ниту да ги слушаме политички мотивираните извештаи што вие ги подготвувате“, рече Ердоган, пренесува АП.
На референдумот во Турција врз основа на 99 отсто од преброените гласови, 51,3 отсто од гласачите се за уставни измени, додека 48,3 отсто се против, соопшти изборната комисија наведувајќи дека официјалните резултати се очекуваат за 11 до 12 дена.