Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека соработува со Русија и дека и верува „не помалку од Западот“.
„Немам причина да не и верувам на Русија. Колку што е сигурен Запад, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската унија и во овој момент и верувам на Русија не помалку отколку Западот“, рече Ердоган во интервју за „Пи-Би-Ес“.
„Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија“, додава тој.
Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.
„Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја“, рече Ердоган.