440
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД дека соработуваат со тетористичката организација Исламска држава. Ердоган денеска изјави дека има докази како коалициските сили предводени од САД даваат поддршка на терористички групи во Сирија.
– Тие не обвинуваат дека ја поддржуваме Исламска држава, а сега тие им даваат поддршка на терористички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава и курдските екстремистички групи. Имаме потврдени докази со фотографии и видео снимки -рече Ердоган на прес-конференција во Анкара.