Во Будимпешта, деновиве Русија, Турција и Катар би можеле деновиве да склучат нов договор за извоз на жито, објави германски Билд, повикувајќи се на интензивната летна преписка меѓу руското и турското министерство за надворешни работи на тема „ пченица“.
Руските власти не дадоа официјални изјави за тоа, иако Билд наведува дека во Будимпешта веќе пристигнал шефот на руската покраина Татарстан Рустам Миниханов, а се очекува дури и доаѓањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според „Билд“, договорот треба да вклучува „извоз на руско жито и вештачко ѓубриво“ првенствено во Африка, а турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан сака да се обнови Црноморскиот договор за пченица, од кој Русија самоиницијативно се повлече во јули, а нов договор вклучува непречен извоз на украинска пченица.
Како што пишува Билд, Турција би била организатор на испораката на пченицата, а Катар – спонзор.