388
Турската амбасада во Косово побара од косовската Влада да преземе мерки против новинар, поради негов ироничен коментар на Фејсбук откако не успеа пучот во Турција, објави Ројтерс, повикувајќи се на документ што денеска и е покажан на новинаската агенција.
Станува збор за новинарот Берат Бузала, кој е еден од најпознати во Косово и кој е сопственик на порталот за вести газетаекспрес.ком. Тоа е најголем портал во Косово и има околу милион читатели дневно.
За време на обидот за пуч во Турција, Бузала напиша сатиричен коментар на Фејсбук:
„Ги поканувам граѓаните на Република Косово кои се на одмор во Турција да и се придружат на армијата. Ова е најсериозен пуч откако постои Фејсбук“.