Ја уценувал да му прати интимни фотографии, потоа и се заканувал дека ќе ги објави на фејсбук ако не излезе со него

by fokus

26-годишна тетовчанка со иницијали А.Ф. вчера пријавила во полиција дека 24-годишниот Џ.З. од скопското село Радишани ја уценувал.

Според нејзината изјава, во декември минатата година остварила контакт со него преку социјалната мрежа Инстаграм, а пред извесно време Џ.З. почнал да и се заканува.

Тој и пишувал пораки дека лично и семејно ќе ја уништи, по што побарал да му испрати интимни фотографии. Плашејќи се за својата безбедност, таа му испратила една фотографија, а Џ.З. и се заканил дека ќе ја објави  фотографијата на Фејсбук и дека ќе ја компромитира на различни начини, ако не излезе со него.

Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости