Епидемијата спласнува, но борбата со ковид кризата ќе продолжи и во 2021, вели Филипче

by fokus 17:46
17:46

Борбата со ковид кризата ќе продолжи и на почетокот на следната година иако сега тенденциите се такви и бројките укажуваат на тоа дека епидемијата на некој начин спласнува. Има помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање, сѐ повеќе слободни болнички кревети, дури некои одделенија ќе се вратат во стариот претходен нормален режим на работа. Меѓутоа тоа не значи дека ние целосно ќе се опуштиме. Сепак оваа борба досега нѐ научи дека вирусот е многу непредвидлив и дека може да се случат изненадувања и понатаму и ние мораме да бидеме подготвени.

Ова попладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата на ЦИВИЛ, насловена „Перспективи 2021“. Тој се осврна на сработеното годинава и ги најави новите инвестиции во здравствениот систем на територијата на целата држава.

- Advertisements -

– Почнавме со зајакнување во рамките на здравствениот систем во еден дел кој значи справување со пациенти со Ковид-19, меѓутоа еден многу специфичен дел заради тоа што овој тип пациенти бараат интензивно лекување. Да се зајакнат здравствените институции, јавно здравствените установи во делот кој значи интензивно лекување е навистина најкомплексниот и најтежок дел, бидејќи тој тип лекување бара најмногу и експертиза и знаење и опрема. Во таа смисла конечно ќе биде завршен овој проект со поставување модуларни болници и тие центри ќе се користат не само за третман на ковид пациенти, туку понатаму и за лекување на други пациенти на кои им е потребно таков тип лекување во смисла на централен довод на кислород, најсовремена опрема…, рече Филипче.

Поврзани новости