384
Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола соопшти дека институцијата била подложена на софистициран кибер напад, за кој одговорност презела група поврзана со Кремљ.
Претходно денеска ЕП усвои Резолуција со која ја прогласува Русија за држава „спонзор на тероризмот”, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.. Набргу по усвојувањето на резолуцијата, веб-страницата на институцијата стана делумно недостапна.
Мојот одговор е: „Слава на Украина”, напиша Мецола на Твитер.
Портпаролката на ЕП прецизираше дека се прават напори за што побрзо да се надмине проблемот.