Европратениците ќе ја повикаат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, да не попушта под притисокот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги блокираше главните законодавни досиеја на ЕУ во обид да обезбеди пари и да го принуди Брисел да да се откаже од спорот за владеење на правото со Будимпешта.
Комисијата се подготвува да исплати 5,8 милијарди евра за закрепнување од пандемијата на владата на Орбан и работи на компромисен договор за механизмот за условување на владеењето на правото, според кој Унгарија требаше да загуби 7,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ.
Нацрт-резолуцијата на пратениците што треба да биде изгласана во четврток укажува на загриженоста за корупцијата и клептократијата во Унгарија, и покрај ветувањата на Будимпешта дека ќе биде транспарентна и ќе го почитува владеењето на правото.
Ветувањата на Будимпешта „не се доволни за решавање на постоечкиот системски ризик за финансиските интереси на ЕУ“, се вели во нацрт-текстот. Парламентот, исто така, нагласува дека „ризикот од злоупотреба на средствата во рамките на Пакетот за закрепнување и отпорност“ е сè уште многу реален и ја повикува Комисијата „да не го одобрува планот на Унгарија додека таа целосно не ги исполни сите“ одлуки на Судот на правдата на ЕУ околу враќање на владеењето на правото.
„Не пропуштајте го вашиот состанок со историјата“, му рече европратеничка на комесарот за правда Дидие Рејндерс на пленарната седница во понеделникот. „Кој мисли дека Виктор Орбан е сериозен во антикорупциската реформа, тој верува и во Дедо Мраз“, изјави европратеник од германските Зелени, кој е коавтор на резолуцијата.
Рејндерс рече дека добил информации од Будимпешта за 17-те антикорупциски реформи што ги има спроведено досега до крајниот рок на 19 ноември и дека „ќе ја финализира својата проценка… без одлагање“. Потоа ќе го предаде жешкиот компир на Советот, кој има рок до 19 декември да го „усвои, измени или отфрли“ предлогот на Комисијата за намалување на средствата за Унгарија за 7,5 милијарди евра со квалификувано мнозинство.