ЕП: На ЕУ ќе и биде потешко со Трамп

by fokus

По победата на Доналд Трамп на претседателките избори во САД, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека на ЕУ ќе и биде потешко со Доналд Трамп отколку со претходниот американски претседател Барак Обама.

-Ќе биде потешко отколку со претходната администрација, но тој е избран за претседател на слободни избори. Мора да го почитуваме идниот претседател на САД и се надевам дека ќе најдеме начин за соработка, изјави Шулц.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека ЕУ ќе продолжи да соработува со САД , бидејќи врските меѓу ЕУ и САД се многу подлабоки од каква било промена во политиката.

Поврзани новости