ЕП: Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во шенген зоната

by fokus

Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, бидејќи ги исполниле условите. „За“ приемот гласаа 505 гласа европратеници, 134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП.

Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП, но исто така се повика Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.

ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.

Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.

ЕП е загрижен за извештаите за мигрантите кои ги одбива граничната служба Фронтекс на надворешните граници на Шенген.

Поврзани новости