Енормно загадување во Струмица, Министерството ги активираше препораките

by fokus

Струмица е најзагаден град во земјава, а поради енормното загадување на воздухот претходните два дена, Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица.

Според овие мерки, се препорачува сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Меѓу најзагадените градови во светот и понатаму е и Скопје, покажуваат податоците на „Ајкјуер“, специјализираната интернет страница. Ветерот само малку го спушти Скопје на листата на градови, откако синоќа повторно главниот град беше еден од првите 10 градови, утрово забележан е благ пад на 21-то место.

Поврзани новости