Ендуро трка денеска над езерото „Младост“

by fokus

Над велешко езеро „Младост“ денеска се одржува првата мото трка од државниот шампионат во класата ендуро за 2019 година.

– Истовремено со ендуро трката се одржува и Велес – Офроуд за аматерските ендуро возачи без лиценца  и се вози на истата патека со мали измени, а  се со цел да се излезе во пресрет на се поголемиот број почетници – љубители на овој спор, појаснуваат организаторите мото клуб „Мото Велес“, кои трката и годинава како и лани ја организираат во соработа со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.

- Advertisements -

Сашко Ванов, претседател на мото клубот „Мото Велес“ изјави за МИА дека трката што се одвива по нерамна земјена патека за ендуро, ќе  се бодува за државниот шампионат во Ендуро и ќе се вози во четири класи : E1 , E2 , E3 и ветерани .

На ендуро трката ќе учествуваат ендуро возачи од мото клубовите во земјава, а во дисциплината ендуро возачи без лиценци и во категоријата ветерани и мото возачи од земјава и соседните земји, најавува организаторот. 

Поврзани новости