Мотоциклист повреден во сообраќајка во Прилеп

by fokus

Вчера попладне било пријавено дека во Прилеп на улицата „Иво Лола Рибар“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Поврзани новости