Насилниците од “27 април” скршиле врата во Собранието за да стигнат до прес-салата

by fokus

На денешното судско рочиште за случајот “27 април” во Кривичниот суд, се презентираат снимки од безбедносните камери во Собранието кои снимале критичната вечер на “Крвавиот четврток”.

Во моментот се емитува снимка од камерата која снимала во ходникот кој води кон прес салата.

Во 18.52 часот, на 27 април 2017 година, се крши една од вратите во Собранието, која води кон ходник по кој се стигнува до прес центарот, или простријата каде што беа нападнати пратениците и новинарите.

Веднаш откако стаклото се распрскува, низ вратат влегува обвинетиот Никола Митровски Кољо, а по него влегува група луѓе меѓу кои и обвинетиот Стефан Младеноваски, Младен Додевски и други лица со фантомки на главите, кои слободно се шетаат низ законодавниот дом.

Низ скршената врата, во 19.10 часот, влегува и обвинетиот Игор Југ.

Нешто подоцна, една жена која е дел од толпата која упадна во Собранието, зема еден предмет и со него го собира стаклото од подот. Луѓето влегуваат низ вратата, а таа без да запре, мете ли мете.

Поврзани новости