508
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се одобри употребата на вакцината на Фајзер и за децата од 5 до 11 години.
Оваа вакцина е веќе одобрена за употреба кај деца кои имаат полни 12 години. Кај децата кои се на возраст од 5 до 11 години, дозата ќе биде помала од онаа која се користи кај деца со полни 12 години,соопштуваат од ЕМА.
Според нив, ефикасноста на оваа вакцина е 90% во заштита од вирусот. Најчести несакани појави после вакцината се болка на местото на вакцината, замор, главоболка, црвенило и оток.
Овие појави се обично благи и умерени и престануваат во рок од неколку дена од вакцинацијата.