Нови 473 заразени со корона, вкупно 18 починати

by fokus

Во последните 24 часа, регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.708 тестирања, починале вкупно 18 лица, 14 во изминатото деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“. Евидентитани се 505 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните, од Скопје се 246, Битола 41, Кавадарци 23, Охрид 22, Куманово 21, Прилеп 18, Кочани 13, Велес 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово 7, Берово 6, Штип 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар, Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Од 505-те оздравени пациенти од Скопје се 230, Битола 50, Кавадарци 32, Кочани 18, Гевгелија 17, Прилеп, Велес и Тетово по 16, Крива Паланка 14, Куманово 12, Берово 11, Неготино 10, Штип и Кратово по 7, Охрид и Радовиш по 6, Кичево, Богданци и Виница по 5, Струмица, Валандово и Гостивар по 4, Ресен 3, Пробиштип 2 и Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

Поврзани новости