389
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М. (66) од село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“.
Според полицијата, пред неколку дена во Струга на улицата “Маршал Тито“ во градската чаршија, пријавениот по упатени закани во врска со паричен долг, физички ја нападнал Ѓ.П.Н.(40) од село Ново Село-Струмица, при што и го одзел паричникот и мобилниот телефон.