ВМРО-ДПМНЕ: Дури ни Вице не му верува Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзална сала

by fokus

Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзална сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев  бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп.  Граѓаните имаа можност да го слушнат  и оштетениот бизнисмен кој и пред судот опиша како Заев му бара евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери  за каков корумпиран човек станува збор – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека Заев со државата се однесувал како да е негов сопствен картел.

Поврзани новости