Елмас: Магична ноќ, се надевам дека со овој трофеј ќе започне долга серија!

by Fokus

Македонскиот репрезентативец од редовите на Наполи, Елиф Елмас синоќа, заедно со неговата екипа го освоија првиот трофеј за оваа сезона – Купот на Италија.

Тимот од Неапол беше подобар противник по изведувањето на пеналите против Јувентус, откако регуларните 90 минути завршија без голови.

Елмас преку социјалните мрежи ја пренесе радоста за неговиот прв трофеј во дресот на италијанскиот гигант.

„Првиот трофеј во мојата кариера го освоив со специјален тим. Магична ноќ, со надеж дека со овој трофеј ќе започне долгата серија“, напиша тој на својот Инстаграм.

Поврзани новости