Елена Ристеска со песна и се заблагодари на мајка и Деса: Убава и мила, ангел ко да била!

by fokus

Поп пејачката Елена Ристеска одбележува две децении на сцената, истовремено со детскиот фестивал Поточиња. По повод заедничкиот јубилеј, таа и хорот Поточиња ја снимија песната ,,Мамо, благодарам”, која е најавена како нумера полна со емоции за секоја мајка.
Со истата песна го најавуваат и јубилејното издание на фестивалот, кој ќе се одржи во мај.

За љубовта и благодарноста кон својата мајка Деса, Ристеска често пишува на социјалните мрежи.
Неретко објавува стари фотографии, од времето додека била дете, со пораки дека таа и нејзината сестра со неа се посилни и посреќни.

Таткото на Елена почина во 2016 година, и пејачката во повеќе наврати раскажуваше за големата загуба и за болката со која се соочува нејзиното семејство.

Откри дека со мајка и и сестра и се обидуваат да живеат така, како што мислат дека тој би посакал.

Песната на Елена и хорот Поточиња е објавена на музичкиот канал Јутјуб. Музиката и текстот се на Оливер Пап, а аранжманот е на Мирослав Пап.

Вики Клинчарова

Поврзани новости