628
EЛЕМ распиша нов тендер за набавка на електрична енергија. Како што објави Телма, огласот доаѓа по уверувањата на директорот Христијан Мицкоски, дека загубите направени со увозот во јануари, ќе се надоместат со извоз.
Новата набавка се однесува на периодот од 11 март до 30 април, а станува збор за 34.950 мега ват часови електрична енергија.
Денеска цената на струјата на берзите се движи помегу 35 и 38 евра за мегават час но колкава ќе биде средната вредност по која ќе се набават потребните количини ќе се знае во четврток.