440
Од ЕЛЕМ во изјава за 24 вести велат дека не се точни наводите на СЈО за новиот случај „Тарифа”, во кој се осомничени седум лица за злоупотреба на службената положба, при јавна набавка на софтвер за потребите на ЕЛЕМ.
Од таму велат дека не биле исплатени 456 илјади евра за одржување на ЕРП системот, надвор од договорот, бидејќи бил направен анекс на основниот договор поради измени на законодавството и на дел од процедурите внатре во компанијата.
На прашањето зошто овој софтвер не е целосно во примена, иако тоа требало да се случи во 2013-та, од ЕЛЕМ објаснуваат дека два дела се користат, а третиот уште се тестирал.