471
АД „Електрани Македонија“ соопшти дека го поништиле тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола, на кој учествуваше и компанијата „Фероинвест“, каде еден од сопствениците е и вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Од ЕЛЕМ велат дека тендерот целосно го поништиле бидејќи на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, а во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот.
„Ако на оваа одлука нема жалби од учесниците на тендерот и ако одлуката за поништување стапи на сила, веднаш ќе распишеме нов тендер, бидејќи гумените ленти потребни за транспорт на материјалот, се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи“, велат од ЕЛЕМ.