Иако Бошкоски е сведок на СЈО против Грујевски, постои сомнеж дека се кријат заедно

by fokus 14:04
14:04

Веќе два и пол месеци нема трага, ниту глас од бегалците Горан Грујевски, поранешниот прв човек на Петтата управа, и Никола Бошкоски, вработен во УБК, обвинети во случајот „Таргет и Тврдина“ на СЈО. Според неофицијални информации на „Фокус“, постои сомнеж дека бегалците се кријат заедно, и засега тоа успешно им оди, бидејќи полицијата се уште не ги пронајде.

Она што е интересно е фактот што и Грујевски и Бошкоски се обвинети во „Таргет и Тврдина“, но во случајот „Тврдина 2“, тие се на спротивставени страни. Како што денеска истакна обвинителката Ленче Ристоска, на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, Бошкоски е сведок во овој случај, а обвинет е Грујевски.

- Advertising -

Грујевски и Бошкоски се во бегство, откако Апелациониот суд им одреди притвор.

Притворот за обвинетите Аплеациониот суд го одреди на 18 јули, но тие веднаш не беа спроведени зад решетки, бидејќи им беше оставен простор да се жалат пред Врховниот суд, а во поуката на Апелација беше наведено дека правото на жалбата го одлага извршувањето на решението.

Грујевски е обвинет за кривичните дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“, а Никола Бошкоски се товари за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

В.В.

Поврзани новости