По две години бегство во Бугарија, бизнисменот и Зоран Даневски вчера беше екстрадиран и префрлен во затворот во Штип.
Даневски доби казна од две години затвор, затоа што носел одлуки и земал кредити без знаење и одобрение од Собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.
Против Даневски се водат постапки и за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, како и за исчезнувањето на државните резерви за жито, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.
И неговиот брат Слободан Даневски доби казна од три години затвор, исто така за злоупотреби во комбинатот Џумајлија, со кој раководеа двајцата браќа.
Слободан Даневски беше градоначалник на Свети Николе, а Зоран Даневски директор на Ветеринарната управа.