Екстерното падна на првиот ден

by Фокус

Системот за екстерното тестирања падна на почетокот на тестирањето на матурантите. Поради тоа, учениците неколку часа чекале да почнат со решавање на тестовите. Тие се жалат за неорганизираност и неподготвеност. Проблемите со системот биле во утринската смена, додека потоа системот бил во ред.

Од друга страна, директорите велат поради технички проблеми имало доцнење, но тоа било само кратко. Според Министерството за образование и наука пак, екстерното тестирање денеска започнало без проблеми и се одвивало непречено.

-Започнат е процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29 јануари. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и набљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, се вели во соопштението од Министерство за образование и наука.

 

Поврзани новости