Пукотници и пред американската амбасада во Анкара

by fokus

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат областа во околината на американската амбасада во Турција поради информации за вооружени напади.

– Имаме информации дека се пука во близина на американската амбасада во Анкара и им советуваме на нашите државјани да ја избегнуваат областа додека не добијат други информации, соопшти Стејт департментот.

Претходно вечерва, во вооружен напад во Анкара беше убиен рускиот амбасадор во Турција, Андреи Карлов. Русија атентатот го оцени како терористички акт, а дел од турските медиуми јавија дека напаѓачот бил турски полицаец.

Поврзани новости