Денеска се случила експлозија во хидроцентрала во областа Болоња, десет лица се повредени, а шест исчезнаа.
Несреќата се случила во вештачкиот басен Сувиана, на Болоњските Апенини.
Експлозијата се случила на -9-ти кат, под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри.
На местото на настанот пристигнал хеликоптер на брза помош од Болоња и Модена. Најтешко повреден е 48-годишен маж. Полицијата и пожарникарите во моментов вршат увид.
– Има многу чад и просториите се поплавени, работиме на намалување на температурата – објасни Калогеро Туртуричи, командант на противпожарната бригада на Болоња.
❌#Bologna, #esplosione nel primo pomeriggio di #oggi in una centrale idroelettrica semi-sommersa a Bargi, nei pressi del lago di Suviana: soccorsi 3 operai feriti, #vigilidelfuoco impegnati nelle operazioni di ricerca di possibili dispersi. Intervento in corso [#9aprile 16:30] pic.twitter.com/EsT20o16lM
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 9, 2024