Експлозија во фабрика за вода во Зрењанин, двајца работници се повредени

by Fokus

Најмалку двајца работници се повредени утрово во експлозија во фабрика за вода во српскиот град Зрењанин, јавија локални медиуми.

Повредените се пренесени во болницата во Зрењанин, каде им била укажана помош.

Се работи за изгореници на рацете, но засега не се знае степенот на повреди.

Експлозијата била предизвикана најверојатно од истекување хлор од уредот за дозирање. Истекувањето веднаш е запрено.

 

Поврзани новости