Експлозија во фабрика за експлозиви во Италија, има жртви

by Fokus

Три лица загинаа денеска во експлозија во фабрика во близина на градот Киети во централниот дел на Италија. Експлозијата се случила околу пладне во компанијата Есплоденти Сабино, која произведува експлозиви, а врши и деактивирање на бомби, мини и други експлозивни направи. Медиумите јавуваат дека во несреќата може да има повредени. Ќе биде отворена истрага за утврдување на причините за несреќата.

Во таа фабрика веќе имаше експлозија во која загинаа три лица во декември 2020 година. Според медиумите, утре треба да се одржи првото рочиште во процесот за експлозијата во 2020 година. Десет лица беа обвинети.

Фото:ЕПА

Поврзани новости