89
Голема експлозија се случила на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат новинските агенции и порталите.
Експлозијата се случила во 21:45 часот во вторник по локално време (4:45 часот по средноевропско време) во округот Бивер, објави ABC News на својата веб-страница.
Според противпожарната служба, пламенот достигнува висина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од вселената.
Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведуваат од ABC News.
🚨Just in: A gas pipeline exploded near Elmwood, Oklahoma. The flames visible from more than 30 miles away. pic.twitter.com/eWbiTFMfvM
— The Calvin Coolidge Project (@TheCalvinCooli1) January 31, 2024