Олимписки рекордер го продава својот златен медал од ОИ во Мексико

by Fokus

Поранешниот американски атлетичар Боб Бимон одлучи да го продаде на аукција својот златен медал од Олимписките игри во 1968 година во Сиудад де Мексико, каде го постави светскиот рекорд во скок во далечина со 8,90 м.

Аукциската куќа Кристи очекува да достигне цена меѓу 370.000 и 550.000 евра на аукцијата во четврток во Њујорк за медалот освоен за скокот што беше светски рекорд до 1991 година, кога беше соборен на Светското првенство со 8,95 сантиметри од друг Американец, Мајк Пауел.

„Имам 77 години. И дојде време да му го дадам медалот на некој што го цени спортскиот подвиг изведен на 18 октомври 1968 година на Универзитетскиот олимписки стадион во Мексико Сити“, изјави 77-годишниот Боб Бимон во телефонски разговор за AFP, на прашање зошто се откажува од оваа престижна награда.

„Оваа аукција беше одличен начин да се прикаже медалот, но и да се зачува споменот за него“, додава тој.

Денес, Бимон е возбуден од повторно откриената страст за музиката. Тој се вратил на тапаните и перкусиите, кои ги напуштил како тинејџер, „бидејќи спортот бил на прво место“.
Роден во Квинс, Њујорк, Роберт Бимон имал помалку од една година кога неговата мајка починала од туберкулоза.

Поврзани новости