Седум лица загинале а повеќемина се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Донегал во Ирска.
Експлозијата се случила вчера попладне на бензинската пумпа Еплгрин, на периферијата на селото Крислау, кое е на околу 25 километри од градот Летеркени.
Снимките од местото на настанот покажуваат голема дупка и урнат покрив на станбена зграда до бензинската пумпа со остатоци расфрлани околу местото каде што биле паркирани бројни автомобили. Универзитетската болница летеркени соопшти дека е во готовност и лекува голем број повредени во експлозијата.
Ирската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот хеликоптер им помагал на итните служби на местото на настанот, а националната служба за брза помош соопшти дека испратиле голем број амбулантни возила.