522
Денешното рочиште за “27 април” продолжи со презентирање на видео снимка од безбедносната камера во Собранието, кое го снимала холот пред влезот во прес центарот, каде што се случи насилството врз пратениците, но и ходникот низ кој се оди кон кабинетот на Трајко Вељаноски.
Во овој момент се презентира делот кога специјалните полициски единици влегуваат во Собранието и фрлаат шок бомби, во правец кон кабинетот на Вељаноски, по што целиот хол потонува во чад.
Десетина минути по шок бомбите следуваат и неколку експлозии, по што две медицински лица, со бели мантили и торби, со трчање влегуваат во просторијата.
Според впечатокот од снимката евакуацијата траела долго, а почнува околу 21.20 часот.