691
Дваесет и три лица, вклучително и деца, загинаа кога камион цистерна со нафта се преврте и експлодира во близина на автобуска станица во централна Нигерија, соопштија денеска службите за итни случаи.
Меѓу жртвите има и вработени и студенти на државниот универзитет во централниот град Локоџи, лоциран во близина на местото на несреќата, соопшти федералната агенција за безбедност на патиштата.
Загинаа и петчлено семејство и деца на училишна возраст.
Засега не е позната причината за несреќата. Пожарот по експлозијата зафати уште девет возила.
Во јуни 2018 година, 11 лица загинаа, а 54 возила се запалија кога се преврте цистерна со нафта во Лагос.