397
Експертските групи од министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија одржале состанок во Софија, а кон крајот на септември се очекува да имаат нов состанок во Скопје.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека ова е добар почеток во комуникацијата со соседна Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци.
Оваа работна група, како што посочи, ќе се договори кога ќе се активираат секторските групи.
„ Најважно беше да се вратиме во една нормална комуникација бидејќи во последните месеци, за жал, комунициравме преку медиуми, соопштенија“, рече Османи.