872
Додека институциите сѐ уште не можат да се решат дали бактеријата листерија е присутна во македонските сувомеснати производи, независно ултра-супер испитување од странство покажа дека во една обична бактерија од типот листерија има повеќе месо отколку во една салама од македонско производство.
Домашните потрошувачи не се изненадени од оваа вест иако знаат дека бактериите се всушност едни од најситните организми на планетата, додека веќе има најави оти скопска фирма со офшор капитал добила дозвола и ќе вложи во фарма за листерија.
Месото од листерија може да стане вистински македонски специјалитет и нешто по што, покрај Скопје 2014, светот ќе нѐ познава и признава.