670
Оваа одлука дојде по поројните дождови во населбата во која илјадиниците дупки по улиците што сега се наполнети со вода, населбата ја прават се повеќе да наликува како подрачје во Финска отколку како дел од Македонија. Не веруваме дека на Финска би и пречело покрај своите 60 000 езера, да има уште неколку илјади кои ги поседува населбата Маџари.
Населението во Маџари се надева дека Владата на Република Македонија а и општина Гази Баба и градот Скопје ќе го поздрават овој референдум затоа што тој со сигурност ќе ги дозацврсти односите на Македонија со скандинавските земји што во последно време значително се подобрени откако во Македонија се одржаа и имплементираа избори по скандинавски тек и модул.