Поранешната вицегувернерка и професорка на Американ Колеџ Маја Кадиевска-Војновиќ ќе биде еден од новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, покрај докторот Ристо Сименов, аналитичарот Сашо Клековски…
Покрај нив, како што соопшти предмалку партискиот лидер Христијан Мицкоски, нови членови на ИК ќе биде актерот Зоран Љутков, докторот Мевдет Џафери, пратениците Ели Панова и Миле Лефков, директорот на Центарот за комуникации Луке Галевски, како и портпаролката Марија Митева.
Притоа, Мицкоски посочи дека во ИК остануваат пратениците Антонијо Милошоски, Драган Ковачки, Рашела Мизрахи, Олга Лозановска, како и Трајко Славевски, Кирил Пецаков, Влатко Ѓорчев, Марија Андоновска.
Тој додаде дека Ѓорги Сајковски останува генерален секретар на партијата и потврди дека, покрај постоечките потпретседатели Александар Николоски и Владо Мисајлковски, нови потпретседатели ќе бидат и Тимчо Муцунски и Гордана Димитриеска-Кочоска.
Инаку, негов нов шеф на кабинет ќе биде Владимир Нелоски, советник во Град Скопје и поранешен претседател на партиската младинска организација.