Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Нови Сад го уапсија Срѓан Егиќ (1981 година) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело силување.
Се сомнева дека силувал дваесет и едногодишна девојка, во стан минатата ноќ.
На Егиќ му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен кај повисокиот јавен обвинител во Нови Сад.
Според белградските медиуми, тој пред десет години бил на високи позиции во градот, а подоцна инвестирал во многу бизниси во Нови Сад.
Наводно, Егиќ ја повикал девојката во станот да се напијат пијачка, а потоа ја нападнал.
„Како што раскажала, бидејќи била малтретирана, успеала да побегне и ги замолила минувачите да повикаат полиција, која веднаш реагирала. Наводно и помогнала девојка која доставувала храна“ – вели неименуван извор на српски Курир.