603
„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.
Кристина на јавноста и стана позната во 2014 година, кога на свои 17 години ја освои титулата Новогодишна убавица на Балканот. Убавата тетовчанка која беше дел од моделите на модното студио „Црнокрак” зад себе имаше повеќе титули пред да заплови во брачните води со Кајмакоски (35).
Мис на Македонија за Мис Глоуб, Зимска убавица на Македонија, Мис тело на изборот на Мис за Струмица се дел од нејзините модни успеси, и речиси од сите домашни и интернационални избори за убавина, таа се враќаше со титула Мис или придружничка. Откако стапи во брак со Даниел, и откако во февруари 2017 година го добија синот Давид, таа ја стави својата кариера во мирување и изјави дека се посветува на семејството.
Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот на годинава веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста. Во кратка изјава за медиумите пејачот кој беше победник на првата сезона на шоуто на таленти „ Х – Фактор Адриа“ и наш евровизиски претставник во 2015 година во Виена ја потврди веста, потенцирајќи дека најважно по разводот е со Кристина да бидат добри родители на нивниот син.
-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.
Исто така, откри дека подготвува дуетска песна со Андреј Миске.
-Снимивме песна наменета да ги допре малку сите заљубени, оставени, ќе излезе во септември – раскажа Кристина.
Вики Клинчарова