Депонијата во Крушево пак гори, граѓаните гневни: Параглајдеристите ќе понесат „силни“ смрдливи импресии!

by fokus

Во денови кога Крушево се обидува да привлече што повеќе туристи и да биде град за четири сезони, жителите на градот се соочуваат со огромен проблем – депонијата која е на самиот излез од Крушево и која речиси секој ден гори и ги загадува крушевчани и туристите.

Претходно, од општината Крушево истакнаа дека чоечки фактор е причина за ваквата ситуација, која очигледно не се променува во текот на летото.

Утринската смрдеа што ги разбуди крушевчани наиде на огромен гнев кај граѓаните и посетителите, кои бурно реагираа на социјалните мрежи.

Секако, ова не е воопшто убава слика на градот, со оглед на тоа што цело лето во Крушево се одржуваат натпревари во параглајдерство.

„Ѓубриштето се самозапалува, но затоа надлежните треба да го контролираат и веднаш да се реагира со гаснење. Таму има опасен отпад-канцероген и не смее да се дозволи да гори зошто преку воздухот сето тоа го вдишуваме!

„Учесниците на Светското првенство во параглајдерство ќе понесат „силни“ смрдливи импресии. А крушевчаните се навикнати на вакви и слично тортури“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Од УМС ВМРО-ДПМНЕ Крушево исто така реагираа, повикувајќи ги надлежните да го решат овој проблем.

Зборуваме за Крушево градот Еко-симбол!!Поминаа денови и денови а депонијата сеуште гори и никој не се занишува да…

Publiée par УМС ВМРО-ДПМНЕ Крушево sur Vendredi 9 août 2019

„Поминаа денови и денови, а депонијата сеуште гори и никој не се занишува да превземе нешто. Наспроти преполното небо параглајдеристи, сликата за Крушево добива нова димензија“, велат од УМС ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Фото – Фејсбук

Поврзани новости