Екс-разузнавачот Богоевски: Почесто ќе се навикнуваме на соопштенија за можни терористички напади во Македонија

by fokus

Екс-разузнавачот Слободан Богоевски, во синоќешното гостување на „24 отворено“ на ТВ 24, порача дека Македонија ќе треба да се навикне на соопштение поради сомнеж за можни терористички напади, по соопштението од Амбасадата на САД во Македонија, за евентуално напади во државата.

„Ние полека ќе почнеме да се навикнуваме на нов амбиент. Приемот во НАТО ќе донесе нови аспекти на нашето живеење. Ќе чувствуваме и компоненти на т.н. хибридна војна. Не треба да се вознемируваме, затоа што тоа е соопштение од најнизок ранг. Тоа не треба да предизвика страв и загрозеност. На вакви соопштенија ќе треба да се навикнуваме почесто во иднина“, истакна Богоевски.

Поврзани новости