Екс министерот за земјоделство Димовски со народни пари плаќал во златари, цвеќари , туристички агенции, хотели со пет ѕвезди

by Fokus

Луксузни хотели , ресторани низ светот и земјава, цвеќари и продавници за накит. Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски – трошел за се и сешто од службената картичка, објави 24Вести.

Според документите, Димовски со државни пари платил 11 илјади денари во скопска продавница за накит. А со народни пари трошел и во цвеќара, каде платил нешто помалку од 50 евра. Службената картичка не ја штедел ниту за плаќање на телефонски сметки и полнење гориво. Во неколку наврати плаќал и во туристички агенции. Само во една туристичките агенции платил 90 илјади денари.

Но, со службената картичка, во март 2010 година Димовски потрошил приближно 15.000 денари кои ги уплатил во агенција за недвижности Импул во Капиштец. Често го посетувал ресторанот Оливе 1976 каде што сметките почнувале од 10.000 денари и достигнувале и до 18.000 денари.

 

Поврзани новости