Екс-министерот за правда Маневски: Некои се мајтапеа кога се шпекулираше дека „бомбите“ се монтирани

by fokus

Во 2015 тогашната опозиција СДСМ предводена од Зоран Заев, на јавноста и ги презентираше „бомбите“ – прислушкувани разговори на владините луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

После тоа, многу работи се променија на политичката сцена во Македонија а поранениот министер за правда, Михајло Маневски во синоќешното гостување на „Отворено“ во АЛФА ТВ,  вели дека не смееле на таков начин да се направи упад во приватноста на граѓаните.

„Мојот предлог беше, уште тогаш кога се објавија „бомбите“, да се запленат сите тие бомби од надлежен јавен обвинител и тие материјали да бидат уништени. Не може на таков начин да се прави упад во приватноста на граѓаните. Да се дискредитираат со едни разговори а сега се покажува дека некои се креирани, монтирани. Некои се мајтапеа кога се мислеше дека „бомбите“ се креирани и монтирани“, посочи Маневски

Поврзани новости