945
Поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, замина во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд, објави Независен.
Инаку, Тевдовски беше министер до јуни во 2019 година, кога на негово место дојде Нина Ангеловска.
Тој се залагаше за воведување на прогресивен данок и упати порака до пратеници на СДСМ да не гласаат за укинување на оваа мерка.