583
Поранешниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петрески, заедно со раководителите на секторите сообраќај, комунални дејности и туризам за време на неговиот мандат, добија 30-дневен притвор.
На останатите лица од вкупно 14-мината приведени во рамки на полициската акција „Јагула“ (уште двајца се во бегство) им се одземени пасошите и имаат обврска редовно да се пријавуваат кај службено лице.
Полицијата ги товари за злосторничко здружување, перење пари, фалсификат и друго, со што, во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле општинскиот буџет за околу 2 милиони евра.
Ова апсење беше оценето од страна на опозицијата како политичка хајка и пресметка со неистомислениците.